Охриѓани и посетителите загрижени. Велат дека со генерации охриѓани ја чувале оваа знаменитост на градот, но ова што сега се случува е голем срам.
Најнова мета на младите вандали, стариот охридски Чинар. Од него скршена огромна гранка. Просторот околу чинарот и онака е место каде најмладите играат, но некои од нив овој пат претерале со играта. Охриѓани зачудени, велат дека многу малку се води сметка за оваа знаменитост.
„Не повеќе, многу треба да се води сметка за чинарот. Генерации го чувале години и години и сега некој да го оштети, тоа не е во ред“ велат граѓаните.
Некои од очевидците велат дека тоа го сториле учениците кои доаѓаат на екскурзија, но, некои велат дека тоа се локални деца.
„Јас сум тука редовно ги бркам децава, ама не слушаат се качуваат по гранкиве, да му викаш ќе дојдит со татко му ќе се расправаш, без потреба. Наши Локални деца, охриѓани.“
„Јас водам мали екскурзијанти, ученици и мислам дека сите треба да сносиме одговорност и наставници и деца и родители кои ги пуштаат децата на екскурзија. Не може да ја барате одоговорноста, само од децата или наставниците, и родителите треба малку да ги „испеглаат“ пред тргнување“.
Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град