Македонија останува на определба за членство во НАТО и ЕУ, категоричен Бесими.
Р Македонија останува на својата определба за членство во НАТО, затоа што на овој начин ќе генерираме стабилност, безбедност и развој во државава, во регионот, како и на светско ниво, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Тој додава дека тоа го правиме преку имплементација и реформи во стандардите во одбраната, а во исто време и преку учество на Македонија во меѓународните мировни мисии. Според министерот, по самитот на НАТО во Чикаго, се потврдија позициите дека Р.Македонија ги исполнува критериумите и дава свој придонес за меѓународните мисии на НАТО.
„Мислам дека членството на Р Македнија не зависи ни од мене ни од владата, туку тоа зависи од граѓаните на Р Македнија, затоа што 90 % од граѓаните на Р Македонија се за НАТО, 70% од граѓаните се за ЕУ. И за тоа има политички концензус во Р Македонија на самитот во Чигако имаше заедничка декларација од сите политички партии без разлика дали се на власт или опозиција, сите кажаа дека се за членство во НАТО, осносно евроатланските интеграции“, истакна министерот за одбрана, Фатмир Бесими.
Интеграцијата на Р.Македонија во НАТО структурите претставува еден процес којшто константно треба да се следи и надоградува, сметаат експертите.
„Без разлика на ситуацијата која сите ние генерално ја познаваме околу интеграцијата можеме да заклучиме дека претстваува една политичка опструкција која во континуитет ни ја приредува нашиот Јужен сосед“, вели доц. Д-р.Горан Илиќ.
Министерот Бесими категоричен, дека Македонија не застанува тука, туку дека ќе се бори за своите приоритети, а тоа се евроатланските интеграции, кои се најдобра алтернатива за мир и стабилност во регионот.
„Евроатланските интеграции, НАТО и ЕУ не се теми за дневно политичко профитирање, туку дека се теми од стратешки интерес за Македонија и сите треба да го дадеме својот придонес. Македонија да ја постигне целта односно членство во НАТО И ЕУ и тие не се цели само по себе, туку се цели кои промовираат мир, стабилност, демократија во земјите кои се членки“, истакна Бесими.
Министрот Бесими додава дека Р.Македонија и откако ќе стане членка на НАТО и ЕУ, ќе има уште многу реформи да спроведува во континуитет,со што ќе допринесе за демократија, мир, слобода и развој, поточно ќе дадеме свој продонес за проектите НАТО и ЕУ да бидат успешни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град