За предлогот за името на претседателот на ВМРО НП, Љубчо Ѓеорѓиевски – Северна Македонија, престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски со став дека: „Не е прв пат Ѓорѓиевски да излезе со ваков предлог. Овој процес кој е многу битен за нашата земја треба единствено да го водат претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од страна на опозицијата и граѓаните, ние сме тука. Нашиот став е дека секое решение кое нема да го повреди нашиот идентитет, а е прифатливо за владата на Никола Груевски ние ќе го поддржиме, истакна Црвенковски. Тој додаде дека СДСМ нема да поддржи никаква експертска влада, затоа што проблемите со кои се соочува Македонија таква влада не може да ги реши.
„Ние таква влада нема да подржиме. Ние имаме политичка влада. Доколку умеат знаат да ги решаваат проблемите неке ги решат, а доколку не знаат нека си поднесат оставка“, истакна Црвенковски.
Претседателот на СДСМ, Црвенковски даде свој коментар и за Споменикот на Филип Втори Македонски кој пред два дена беше поставен во Скопје.
„Во најмала рака е контоверзно во очи на прзникот на сесловенските просветители се поставува споменик посветен на античкиот период и на личности од овој период. Поконтроверзно е тоа дека во едно тешко време на оваа сиромаштија и невработеност каде што нема пари за здравството, нема пари за образованието, нема пари за социјалните случаи, но се наоѓаат огромни пари за споменици. Официјлните податоци се дека тој споменик што завчера беше поставен чини 5 милиони евра. Во центарот на скопје се истурија стотици милиони евра во периодот на најголемата криза кога народот страда буквално за леб. Тое е најголемиот грев на оваа влада во овој период“, рече Црвенковски.
Црвенковски додаде дека од кога започна реализацијата на проектот Скопје 2014 како никогаш се отвори, не само во Македониј,а туку и надвор, прашањето за националниот идентитет. „Пораките кои ни доаѓаат од нашите пријатели е дека националниот идентитет е нешто за што не може да се преговара, нешто што никој никому не може да му го
одземе, само ние самите со контроверзни постапки можеме да го проблематизираме, вели претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град