Денеска се чествува 24 Мај – Денот на Кирил и Методиј.
Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии.
Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат христијанското учење меѓу небожните Словени.
Кирил и Методиј за оваа дејност сериозно се подготвувале. Ја составиле словенската азбука (глаголицата) и од грчки ги превеле потребните црковни киги. На тој начин го создале новиот словенски книжевен јазик и станале основоположници на словенската книжевност. По смртта на Св. Кирил и Св. Методиј, нивните ученици биле протерани од Моравија.
Некои од нив, меѓу кои Св. Климент и Св. Наум доаѓаат во Охрид и Охрид станува жариште на словенската писменост.Папата Павле II на 31.12.1980 година светите Кирил и Методиј ги прогласува за заштитници на цела Европа.
Денес, Премиерот Никола Груевски во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесети, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. На аудиенцијата, премиерот Груевски на папата му подари икона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град