Соработка меѓу Македонија и Израел во сферата на иновациите

Во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид,  израелски експерти одржаа предавања во врска системите на иновации.

 |  Голабовски Крсте  | 
ekspert
експерт

Светот денес се менува на таков начин и со таква брзина, што и Македонија ќе мора да се адаптира и да изнаоѓа начини да се вклучи во тие текови. На денешните предавања во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид, експертите од Израел ги споделија искуствата кои ги имаат од вакви слични соработки низ целиот свет.
Данчо Давчев, Ректор на Универзитетот истакна дека плодна соработка е особено можна на полето на иновациите со користење на европските фондови.

„Заедничко учество на проектите финансирани од ЕУ, посебно од програмата за исни технологии. Се покажа дека постои блиска врска помеѓу таа програма и системот за иновации во една средина“, изјави Давчев.

професори и студентиЕксполатацијата на природните ресурси, иновациите во индустријата и изнаоѓањето на нови обновливи видови на енергија, е трка во која учествува целиот свет. Израел е познат по дефицитот на природни ресури, па затоа тука на сцена стапуваат иновациите, изјави Зохар Гиносар од израелската компанија „ПЕНСА“.

„Еден од главните елемнти кои ги бараме во Македонија се силните човечки ресурси и потенцијали. Места како овој Универзитет во Охрид, каде многумина се тренираат да станат инжињери, Ај-ТИ експерти, а тоа се темелите за иновациите“ објасни Гиносар.

Гиносар потенцира дека Израел може да и помогне на Македонија да ги претвори овие силни човечки ресурси, во еден потенцијал за иновации, зошто надежта е во рацете на младите луѓе. Преку посебна програма, младите дипломци  од различни насоки да се фокусираат на методологијата на иновациите, со што ќе може да се презентираат успешно потребите, а и да се креираат нови идеи за нивно решавање.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top