Проблемот со каменоломите во Лабуништа е сериозен. Се бара сериозен пристап на релевантните институции, за надминување на истиот.
Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика и предупредува на сериозноста на проблемот.
„Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара одговорност дали е тоа од Министерството за екологија, економија, од општина од началниците односно од претпоставените за животна средина“.
За состојбата во целост е информиран и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој вели дека тие воопшто немаат ингеренции во тој дел, но потенцира дека се загрижени и оти за тоа го имаат известено ресорното министерство и очекуваат рефлексија на нивните барања.
„Значи ние како Локална самоуправа немаме никакви ингеренции околу работата на каменоломите бидејќи за истите дозвола дава Министерството за економија и ги контролира нивниот инспекторат. Што се однесува до надлежностите до советниците по екологија од Струга, тие на секое барање излегуваат на терен но такви апаратури за мерење на загаденоста на прашината во тој дел на каменоломот, тие работи не поседува општината бидејќи за истите има државни инспекторати“.
Според досегашните укажувања на мештаните од Лабуништа проблемот е сериозен. Но позагрижувачки е пристапот на институциите кои очигледно топката ја префрлаат од еден на друг и до ден денес нема параметар кој укажува на тоа, што содржи прашината на каменоломите, дали има присуство на тешки метали и како тие влијаат на здравјето на луѓето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град