Охридските „мозочиња“ едни од најдобрите во Македонија

На првиот Бреинобреин натпревар на децата  од петте центри во земјава децата од охридскиот центар постигнаа извонредни резултати и се вратија со голем број награди.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Дваесет и петте охридски мозочиња се вратија со куп награди од првиот Бреинобреин натпревар на децата  од петте центри во земјава. Така, шест од овие талентирани ученици се вратија како шампиони, а останатите со куп златни и сребрени медали. Нивниот тренер Валентина Кузманоска вели дека оваа програма им помага во насоката на овие талентирани дечиња.

ucenici„Оваа програма содржи десет нивоа, ние како центар сме стигнати до петтото ниво. Веќе од петтото ниво се тие насоки, кое дете како треба да се движи и да се извлечи она индивидуалното од него што го поседува. Сега стартуваме со првите часови во тоа петто ниво иако ние како тренери веќе имаме одредени сознанија со тој индивидуален пристап, кое дете во кој правец да го насочиме“, вели Кузманоска.

Ананд Субраманиам  – Извршен Директор на Бреинобреин академијата во Дубаи, вели дека Брејнобрејн постои од 2003 година и успешно функционира низ 20 држави во светот. Учениците кои ја завршија целокупната програма, сите десет нивоа, понатака во животот функционираат како успешни професионалци, додава тој.

ucenici„Всушност, Брејнобрејн го вади она што детето веќе го поседува, вродениот талент, вродената интелегенција, тоа се вежби за тоа што веќе се поседува, се реализира и се доведува до една голема успешност и ниво на изразување“ објасни Субраманиам.

Градоначалникот Александар Петрески пак, истакна дека остануваат неговите и заложбите на Локалната, на секој можен начин да се помага, кога станува збор за образованието и додаде дека ќе направи се што е во негова моќ, талентираните ученици да останат во градот и земјата.

„Локалната самоуправа и јас ќе направиме се децата прво да не ни заминуваат на студии надовор од Охрид, т.е во Охрид да се отоворат повеќе универзитети, ако Охрид пред повеќе од 1000 години имал универзитет, жално е сега да нема минимум десетина универзитети тука“ потенцира Градоначалникот Петрески.

Бреинобреин програмата помага во стекнување и развивање на фотографската меморија, концентрацијата, способноста за слушање и учење, креативност и имагинација, самодоверба, визуелизација. За сите заинтересирани ученици од 5-14 години кои  сакаат да бидат  дел од Бреинобреин програмата, уписите се во тек во просториите на Црвениот крст од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top