Џебот на македонскиот граѓанин се поплиток, а во него пливаат се поситни банкноти.
Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто, а богами и енергенсите го следеле овој тренд со зголемување од 0.3 проценти во април во споредба со февруари годинава. Граѓаните и тоа како ги почувствувале овие промени.
Еве што велат тие:
„Се гледа дека е се поскапо и поскапо. Се чувствува.“
„Секако дека се чувствува.“
„Многу. Се чувствува многу. Излези на пазар, без една илјадарка не можеш да поминеш.“
Наспроти секојдневните искуства на обичниот граѓанин пак стојат бројките кои ни ги дава фантастичната наука, статистиката. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната исплатена плата во земјава изнесувала 20.625 денари. Но знаете што не чини во реченицава? Она зборче „просечна“ кое верувам сите знаете е само златна средина од вкупните исплатени плати во државава. Само за потсетување од 2.022.547те жители колку што има земјава според пописот од 2002 година, околу 643.170 граѓани се сеуште невработени. Со оваа бројка, Македонија за жал и натаму е лидер во регионот. Оттука вистинското прашање е како овие граѓани се справуваат со секојдневното зголемување на животните трошоци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град