Криза за вода

На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум.

 |  Николоска Биљана  | 
sum akumulacija
шум акумулација

На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум.

„На последната седница на Советот на општина Струга се донесоа заклучоци каде што се бара веднаш да се прекине со понатамошни градежни зафати во акомулацијата Шум, затоа што претставува важен објект за снабдување на граѓаните на оштина Струга. akomulacijaИсто така општина Струга постапи со барање на времена мерка на суд, вчера и денеска судот треба да излезе на терен, така да постои голем ризик ако не се реши овој спор, наметнат од Министерството за земјоделие, со една концесија, незнам како да е наречам иако во општината Струга градоначалникот Мерко даде негативно решение за изведување на такви работи. Реално се работи за намалување на дотокот на вода од Беличките извори, така што ние сме принудени да пумпаме од акомулацијата Шум. Меѓутоа таму водата сеуште не одговара за снабдување на граѓаните, очекуваме да навреме интервенираат институциите особено Владата на Р. Македонија која треба за кратко време да го поништи тој договор за да може ние квалитетно да ги снабдуваме граѓаните со вода за пиење“.-вели Ваит Ајро, директорот на МЈП „Проаква“, Р.Е. Струга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top