Студено НЕ од ВМРО-ДПМНЕ Струга на повикот на СДСМ за подршка на протестите против контроверзниот ДУП за струшкото крајбрежје.
Заедничка цел но со различни методи. Студено НЕ од ВМРО-ДПМНЕ Струга на повикот на СДСМ за подршка на протестите против контроверзниот ДУП за струшкото крајбрежје. Од ДПМНЕ велат: „Замислете СДСМ протестираат против своите одлуки.“ Претседателот на струшката ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски со прашање за советничката од СДСМ, Наташа Пинтоска-Беќароска, зошто таа не гласала против предлог ДУП, туку била воздржана.
„Гласајки воздржано таа покажува дека и е сеедно што со овој нацрт детален урбанистички план се уништува фудбалскиот стадион, сеедно и е што ќе го снема расадникот на ракометните херои, сеедно и е што ќе се тргне извидничкииот дом од нивното сопствено земјиште, или со еден збор сеедно и е што ќе се случи со крајбрежјето на Струга. Одговорноста за носењето на нацрт планот за струшкото крајбрежје подеднакво ја сносат тројцата советници на СДСМ и Струшката организација на СДСМ.“-вели Перо Петкоски-Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга.
На своите колеги од СДСМ тие им порачаа дека времето за протести го пропуштиле во 2004 година кога, како што велат тие, требало да се сопре погубниот проект за разнебитување на Струга.
„Денес овие катастрофални проекти поддржани од вашите советници можат да се спречат единствено по институционален пат. ВМРО-ДМПНЕ секогаш го почитува мислењето на граѓаните и работи во нивен интерес. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните во законски рок да го дадат своето мислење за нацрт деталниот урбанистички план до локалната самоуправа со што ќе придонесат и активно ќе учествуваат во давањето на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ за овој нацрт план затоа што градот е на граѓаните, а администрацијата е само нивен сервис.“-додава Петкоски.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга уште порачаа дека тие од 2004 година па наваму се единствено во коалиција само со граѓаните и никој друг и дека сите одлуки кои ги носат се во интерес токму на граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град