Кој ќе стопанисува со рибите од Охридското езеро

Неофицијално, само една фирма заинтересирана за вршење стопански риболов на Охридското езеро.

 |  Голабовски Крсте  | 
ribar
рибар

ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“.

охридско езероПосле отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди  која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото.

Инаку идниот концесионер требa да изготви програма за управување со рибниот фонд на езерото, усогласена со Риболовната основа за Охридското езеро која ја издава Хидробилолошкиот институт. Исто така идниот концесионер треба да располага и со минимум опрема која е потребна за вршење риболов и која е утврдена во Риболовната основа. За стопанисување со Преспанското езеро на конкурсот не се јавил ниту еден заинтересиран понудувач.

охридско езероОд Министерството за земјделство, шумарство и водостопанство молчат. Тања Михајлоска од односи со јавноста при ресорното министерство не информира дека се додека Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди не достави предлог до Владата на РМ, нема да шпекулираат со информации за тоа кој ќе биде концесионер со езерото.
Концесијата за стопански риболов се нуди  за период од шест години, а висината на надоместокот за стопанисување изнесува над 200 илјади евра или точно  12.362.500 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top