Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.
Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.
Огнот се појави на само неколку минути откако возачот Пастор Малдонадо го освои првото гран при за Вилијамс по 8 години.
Еден од повредените од тимот на Вилијамс со хеликоптер е префрлен во болница во Барселона со сериозни изгореници. Пет лица се префрлени во локалните болници поради вдишан чад. Десет лица на самото место се третирани од последиците на вдишаниот чад.
Причина за пожарот најверојатно е електричната инсталација на болидот на возачот Бруно Сена, кој пред тоа бил донесен во гаражата како неисправен. Огнот ја зафатил целата гаража, а црниот чад избил на патеката.
Основачот на Вилијамс сер Френк Вилијамс кој го славел 70-тиот роденден итно бил префрлен на безбедно откако од својата инвалидска количка го кажа победничкиот говор. Пожарот е изгаснат од страна на механичарите и пожарникарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град