СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ

Од таму го повикаа членството на владеачката гарнитура да ги подржат во нивната цел, стопирање на урбанистичкиот хаос во Струга, кој е во режија на струшкиот градоначалник.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm-struga
сдсм-струга

Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на  СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки.

sdsm-struga„Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува Урбанистичкиот план на Рамиз Мерко со кој се узурпира струшкото крајбрежје. Ова е единствениот начин да се стави крај на злоупотребите на  Рамиз Мерко и да се заштитат граѓаните од узурпацијата на речиси сите јавни  површини во нашата Општина“.

Беќароска упати апел до сите стружани па и до ОК на ВМРО – ДПМНЕ да земе учество во протестите, кои невладиниот сектор веќе подолго време ги најавува, а никако да ги реализира

„Ја користам оваа прилика да ја информирам јавноста дека ОО на СДСМ – Струга донесе одлука да земе активно учество во протестите кои се организираат против уништувањето на струшкото крајбрежје. Го повикуваме ОК на ВМРО- ДПМНЕ да го стори истото и да ни се приклучина протестите. Сакам да потенцирам дека за Нацрт Деталниот Урбанистички план, гласаа само двајцата советници од редовите на СДСМ Струга, Илија Мацески и Александар Попоски, тоа беше нивен личен став а не став на СДСМ“.

Од ОО на СДСМ Струга, укажуваат дека нивниот став во врска со урбаното дивеење е јасен – дека раководството на Општина Струга прави класична злоупотреба со груба узурпација, преку планот за измена на крајбрежниот појас на струшкиот дел на Охридското езеро. Тие дури не ја исклучуваат и можноста дека тука се работи за нечии лични бизнис интереси.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top