Британскиот пилот Луис Хамилтон стана најмлад и прв црномурест светски првак во Формула 1, откако синоќа на последната трка од сезоната го освои петтото место, што беше доволно за шампионскиот трон.
Британскиот пилот Луис Хамилтон стана најмлад и прв црномурест светски првак во Формула 1, откако синоќа на последната трка од сезоната го освои петтото место, што беше доволно за шампионскиот трон.
Неговиот најголем конкурент Фелипе Маса, иако победи на вчерашната трка, во вкупниот пласман заврши на второто место, со еден бод помалку.
Променливото време донесе невидена драма на трката за големата награда на Бразил, која се возеше на патеката Интерлагос во Сао Паоло. На Хамилтон за победа во конечен пласман му беше неопходно да заврши на петто место на вчерашната трка.
Драмата настана на неполни три круга пред крајот, кога Хамилтон беше претркан од Себастијан Фетел, со што падна на шестото место и во тие моменти се прости од титулата, но на стотина метри пред целта, Тимо Глок, кој беше на четврта позиција, ги пропушти соперниците, овозможувајќи му на Хамилтон славје.
Колку беше неизвесна трката говори фактот, што во Ферари веќе ја прославуваа титулата на Маса, уверени дека Хамилтон завршил на шесто место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град