Струга-Бејрут

Стружани се срамат од градското пазариште. Велат дека моменталниот изглед и хаосот кој што владее тука дава впечаток дека се наоѓате во некое предградие на Бејрут.

 |  Николоска Биљана  | 
pazar
пазар

Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните.

tezgi pazarИ невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена на пазариштето. Драгица Павлеска Попеска од НВО „Езерка“, вели дека пазарот е претворен е во градежно претпријатие, трговски центар а во последно време и паркинг простор.

„Од сите страни, на сите влезови на пазариштето се гледаат картонски кутии, натрупано ѓубре, кучиња скитници, мачки, продавање на сирење на отворено што не одговара на ниеден стандард, а особено  хигиената толку многу загрижува што и граѓаните и ние се чуствуваме како да сме во некој од филмовите што сме ги гледале некои предградија на Бејрут или Азејберџан, страшна работа. Грижата на директорот за тоа и е поставен, е одржување на хигиената на градското пазариште“.

Струшкиот пазар личи на се друго освен на Зелен пазар, реагира Мате Гогоски од НВО „Енхалон“, Струга. Тој струшкиот пазар го нарече ѓубриште и подвлече, „ Доколку вистина работи директорот на ЈП „Комунално“, Струга, ќе се видеше сработеното“.

pazar koli„Ама овде е безистен, трговски центар, и сега беше во прашање зошто продавале селаниве што доаѓаат некое парче производ да јадиме ние што не произведуваме ништо, зошто се паркираат надвор. Каде ќе се паркираат? Овде веќе нема простор. Пазарот треба да се прекрои или да се направи друг пазар, зелен има неизградено земјиште наспроти ракометното или пак ова нека си го направат безистен па нека си продаваат џинџури, минџури, пљачки што сакаат све овде се се продава само овошје и зеленчук не“.

Гогоски вели дека пазарот бил добро проектиран на хартија, но во самата изградба работата била промашена.

„Проблем со паркирање ќе биде секогаш а ќе беше решен вековно. Долу под пазарот требаше да има подрум. Долу од јужната страна требаше да има влез, оти уште тогаш кога се градеше се знаеше дека магариња и коњите ги нема и оти луѓето ќе доаѓаат со коли“.

Но како и да е, наследено, стекнато, грижата за градскиот пазар и за се што е поврзано со него треба да е беспрекорна во интерес на стружани и бројните гости што го посетуваат ова туристичко место. Проблемите се бројни, но и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, нека биде тоа проблемот со хигиената. Во таа насока претставниците на струшкиот невладин сектор му порачаа на директорот на Комунално, да не парадира од место на место, туку да излезе надвор и да се соочи со реалноста. Но кога и кој ќе го исчисти пазарот со точност не може да се каже бидејќи штрајкот на комуналците сеуште трае.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top