Во Струга на сите страни врие поради изгласувањето на Нацрт Урбанистичкиот План за измена на крајбрежниот појас. Но, најпрво пукна во ОО на СДСМ.
Струшките социјалдемократи се скараа. На последниот партиски состанок, членовите на ОО на СДСМ, разговарале на висок тон и го кренале гласот против двајцата советници од нивните редови, Александар Попоски и Илија Мацески, заради нивната подршка на Нацрт Урбанистичкиот План за измена на крајбрежниот појас на последната седница на Струшкиот совет. Претседателот на партијата Александар Попоски, на чија адреса има сериозни забелешки од страна на членството и од кого се бара оставка, не беше расположен за изјава во врска неговата постапка, само накратко рече дека сега не било време да се зборува, а кога ќе дојде време за тоа, ќе не информира. Илија Мацески пак кој исто така е повикан, вели дека се што се зборува во врска Нацрт Планот за измена на крајбрежниот дел, се само шпекулации и дека ништо не е конечно. Тој во врска забелешките на неговите сопартијци, дека како советници работат за лични интереси, вели дека треба да се види суштината од каде потекнув тоа, а се чека официјалните партиски органи, претседателот и Извршниот одбор да излезат со став. Она што Мацески го тврди, е тоа, дека станува збор за донесување ДУП за изведба на сервисна улица која не ги зафаќа спортските објекти и нема да биде на штета на граѓаните. Додека пак во врска изградба на Хотелот кај спортското игралиште Караорман, Мацески вели дека тоа било зацртано со ГУП кој бил донесен во 2007 та година од страна на актуелната Влада, поточно од Министерството за Транспорт и Врски. Од партиски извори ТВМ дознава дека, членството делумно го потврдува ова и велат дека набрзо ќе излезат со прес конференција, каде ќе бидат соопштени деталите за случувањата во врска нацрт планот за измена на крајбрежниот појас на потегот од Еврохотел, до угостителскиот објект „Аквариус“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град