Охридскиот Црвен крст го слави роденденот на Динан

Денес организациите на Црвениот крст и Црвената полумесечина од светот го одбележуваат роденденот на основоположникот, Анри Динан.

 |  Мишел Наумоски  | 
Anri Dinan spomenik
Анри Динан споменик

Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.

Crven krst OhridАктивностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на основоположникот на Црвениот крст и сметам дека многу задоволни си се вратија во нивната градинка.“-вели Весна Терзиоска-Потпретседател на општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Инаку Жан Анри Динан е роден токму на денешен ден, далечната 1828 година. За време на едно деловно патување во 1859 година бил сведок на големата битка во Солферино за која подоцна напишал и книга која била инспирација за формирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, во 1863 година. Благодарение на неговите залагања, во 1901 година заедно со Фредерик Паси ја добива првата Нобелова награда за мир. Токму поради неговите хумани идеи се смета и за основоположник на она што денес е познато како Организација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Одбележувањето на роденденот на Динан е само дел од активностите кои Црвениот крст од Охрид ги организира во рамките на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Овие активности продолжуваат на 12ти Мај, сабота, кога ќе биде одржана и голема крводарителска акција на потегот помеѓу трговскиот центар „Амам“ и обложувалницата „Премиер“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top