УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспанскиот регион

Охридско – преспанскиот регион ќе биде прогласен за биосферен резерват

 |  Јаковлева Лионела  | 
arijan meroli
аријан мероли

УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион.  Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити.

Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека со прогласувањето на биосферен резерват Охрид и Преспа ќе се утврдуват границите на заштитеното подрачје и негово зонирање. Се планира првата зона да биде строго заштитена зона со лимитирани дејствија, втората зона ќе биде контактна зона каде што ќе се дозволат дејствија кои нема да ги нарушат природните вредности, третата зона ќе биде зона на развој со која ќе бидат опфатени туристичките капацитети и четвртата зона е урбана зона.arijan-dejan

Паноски вели дека тоа зонирање ќе помогне за да се знае точно каде и што треба да се заштити и да знаеме каде може да се гради за да не дојде до нарушувања на целокупниот простор и ќе помогне за туристичка промоција на регионот во светот, со што ќе може да се креира економски развој на регионот.

Денеска оствариле средба со претставници на Локалните самоуправи и советите на Струга, Охрид и Поградец.  Од таму добиле поддршка за реализација на проектот со кој треба да се овозможи одржлив развој и економска перспектива за локалното население во трите држави, вели  Аријан Мероли, албанскиот претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Нареден чекор е донесување на Декларација која треба да ја усвојат засегнатите општини и надлежните институции  како и Националниот парк Галичица и Хидробиолошкиот завод . Потоа номинацијата треба да се достави до УНЕСКО по што се очекува оваа меѓународна организација да го прогласи овој регион за светско културно и природно наследство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top