Хард рок првомајски викенд во Охрид

„Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење.

 |  Голабовски Крсте  | 
Bekdor bend
Бекдор бенд

„Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење. Тапанарот на бендот, Ози, вели дека идејата за овој нивен музички потфат е малку постара, но дека сега се створиле услови истата да се спроведе.

Bekdor bend„ Прв пат во нашиов град се случува ова, можеби ни во Македонија не е направено вака на камионче, подвижна рок свирка“ кажува Ози.

Ози вели дека го одбрале празникот намерно, со цел да придонесат за збогатување на културните содржини во нашиов град. Инаку Бекдор брои четири членови, покрај тапанарот Ози, тука е и Ринго на бас гитара, Лазе на соло гитара и Жаре фронтменот на бендот. Најголема благодарност, за реализација на настанот од бендот изразија кон сообраќајната полиција при СВР Охрид. Покрај изведбата на познатите рок балади на своите настапи наскоро, од бендот најавуваат и нешто авторско.

„Во изработка се две песни за кои ќе се изработат и видео спотови, за кои ќе бидете благовремено информирани, и ќе ве изненадуваме нон-стоп со некои вакви и слични уникатни идеи“, информира Ози.

Покрај забавата за сите, Ози вели дека ова е еден нивен обид да се вклучат и во акцијата за борба против дрогата. Овој несекојдневен музички настан кулминираше на преполниот со туристи градски плоштад, кои заедно со охриѓани имаа можност да уживаат во рок музиката на „Бекдор бенд“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top