Денес е 1ви Мај, дали е денот на трудот, денот на скарата или нешто друго?
Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана прослава, па човек да се запраша дали воопшто има што да прославуваме. Притиснати од беспарицата, се повеќе граѓани, 1ви Мај го поминуваат на еден поинаков начин.
„Вака си шеткаме убаво е времето, покрај езеро. Скари си прават младите, ние вака.“
„Си шеткаме, одиме на езеро, околу градот.“
„Скара не правиме, вака со прошетки.“
„На сонце, со поглед на езеро, малку во слободен стил.“
Токму така, Денот на трудот, 1ви Мај или поточно Денот на скарата се повеќе се прославува во слободен стил. А за тоа никој не може да не обвинува. Нема веќе организирани штрајкови и протести или ако ги има тие се малку и премногу тивки. Кој знае, можеби македонецот нема причина за штрајкување и за протест, можеби македонскиот работник треба да биде пример за сите оние кои на денешен ден низ годините го изразувале својот револт против непочитувачите на работничките права. А протести има, Европа врие, владите го стегаат ременот, еврозоната зе распаѓа, невработеноста е до плафон, маршеви, демонстрации против социјалната нееднаквост. А овде? Овде луѓето како да се навикнаа на она што им е дадено, па не им останува ништо друго освен за овој ден, денот на трудот, денот на работникот само тивко да си прошетаат, покрај езерото, или некоја река или планина, барем тоа сеуште никој не може да им го земе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град