За Маса прв, за Алонсо втор тренинг

Возачот на Рено, Фернандо Алонсо го забележа најдоброто време после првите неофицијални тренинзи пред трката за големата награда на Бразил.

 |  Крсте Голабовски  | 
Interlagos
Интерлагос

Возачот на Рено, Фернандо Алонсо го забележа најдоброто време после првите неофицијални тренинзи пред трката за големата награда на Бразил.

Двократниот победник на патеката Интерлагос, во финишто на вториот тренинг го претекна конкурентот за титулата, Фелипе Маса, со време од 1 минута 12 секунди и 296 стотинки. МАса беше втор, со време од една миннута, 12 секунди и 353 стотинки, иако на првиот тренинг имаше подобро време.

InterlagosХамилтон беше деветти, а исто како и клубскиот колега Ковалаинен не можеше да се снајде после промената на подесување на болидите на Мекларен. Претходно на првиот тренинг младиот британец кој во Бразил дојде со 7 понеи повеќе од Маса, беше втор, веднаш после конкурентот за шампионската титула.

Хамилтон за шампионската титула доволно ќе му биде да на неделната трка го заземе петтот место, дури иако Маса и победи. Трката во Бразил ќе одлучи и за првакот во конкуренција на конструктори. Ферари има моментално 11 поени предност над Мекларен.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top