ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов

Дали за изненадување или пак не, оваа точка од дневниот ред на денешната седница на советот беше изгласана едногласно.

 |  Мишел Наумоски  | 
parking
паркинг

Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи.

Boro Sajn direktor„Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни бидат потребни околу 200 вработени со што претпријатието би ја загубило својата цел. Ако ние се решиме дел од нив да дадеме под концесија, оние кои не носат профит, а има заинтересирани тогаш тие пари, тие средства би легнале на наша сметка така да во тој случај ние би работеле профитабилно.“-вели Боро Шајн-Директор на ЈП „Билјанини извори“.

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Каролина Буџакоска, изрази надеж дека со изгласувањето на оваа одлука конечно ќе биде разрешен проблемот со паркирањето во градов.

„Ние сме сите свесни колкавав проблем е тоа барем во летниот период. Сметам дека треба да  поработите на подобра стратегија за паркинзите отколку давање под концесија со цел да се добие еден поголем ефект од донесената одлука.“-рече советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Каролина Буџакоска.

parking rampaВо дискусијата околу предлог одлуката за доделување на паркинзите на ЈП „Билјанини извори“ беше спомената и катната гаража односно дали и таа ќе припадне на ова јавно претпријатие.

„Сигурно и катната гаража ќе припадне на ова претпријатие, секако откако државата ќе го отстапи земјиштето на општина Охрид па да можеме ние да градиме и да го планираме тој простор. Прашањето мислам дека треба да го поставите на министерот за финансии.“-изјави Зоран Шикалоски од Одделението за сообраќај при општина Охрид.

Инаку оваа одлука ќе стапи во сила во рок од осум дена од нејзиното објавување во службениот гласник на општина Охрид. На денешната седница помина и предлог одлуката за формирање на Одбор за подигање на спомен обележјето за Богојавление-Водици.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top