Охрид шампион во туризмот

За тоа општината ја доби престижната награда „Златно туристичко срце“, која ја доделува меѓународната туристичка асоцијација SACEN INTERNATIONAL

 |  Николоска Биљана  | 
petreski srce
петрески срце

„Златното туристичко срце“, светна во кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Охрид се закити со ова престижна награда како шампион на културниот туризам во Југоисточна Европа за 2011 год. Не е прв пат општината да е добитник на ова високо признание, во една силна конкуренција со атрактивните туристички дестинации од Србија, Хрватска, Словенија,Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Романија Кипар Малта и Грција, вели градоначалникот.

nagrada srce„Ние и пред некоја година добивме награда и сме многу среќни што успеваме покрај се поголемата и поголемата конкуренција, сепак Охрид го одржуваме во еден круг на познати туристички центри од Југоисточна Европа. Исто така ова ни дава поттик да продолжиме со промоцијата и со активноста која ја имаме зацртано во Секторот за ТЛЕР“.
 Наградата во името на општина Охрид ја прими раководителот на ТЛЕР Гоце Симоноски, на 24 април на свеченост во Белград. Критериумите за да се добие оваа награда се строги, вели Симоноски. Тим на експерти од сите замји на Југоисточна Европа, ненајавено доаѓаат во градот и ја скенираат состојбата во повеќе хотелско угоастителски објекти, додава Симоноски.

„Исто така се присутни на сите саеми и го пратат начинот на промоција и на функционирање. Едно од многу битните работи кое е пресудно за добивање на оваа награда оваа година е проектот кој го добивме со Југоисточна Европа и кој го работиме со градот Венеција, кој во суштина значи една поширока транснационална програма за промоција на туризмот  градови кои се заштитени со културно наследство“.
Оваа награда е една голема обврска посебно  за градоначалникот и за општината и лесно е да се стигне на врвот а тешко е таму да се остане, потенцира Симоноски. Меѓу другото, денес претставници на Интернационална  таеквондо федерација на Македонија на градоначалникот му врачија Плакета за заслуга, како и благодарници на општина Охрид, градоначалникот Петрески , Јоне Станкоски и на Аце Калачоски за помош при организација на меѓународниот таеквондо турнир „Охрид-OPEN 2012“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top