Денес тој и официјално е назначен од централниот комитет на владеачката партија.
ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга и официјално има претседател. Новото освежување е Перо Петкоски, активен партиски член, досега без ниту еден белег, како што кажа советничката Лилјана Затуроска. Како што ТВМ веќе информира претседателското место на ВМРО – ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај партиските членови и за оваа позиција се пријавија педесетина кандидати. Петкоски е еден од петмината фаворити, Стефан Томаноси, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски и Марко Стрезоски, кои што нашиот медиум неодамна ги објави. Петкоски подготвен за претседателската фотеља и во краткиот телефонски разговор неофицијално ни кажа дека планирано е подмладување на партијата, задржување на искусните кадри, формирање нов Општински Комитет, како и консолидирање на членството.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град