Ризични каменоломи

Три каменоломи во атарот на струшкото село Лабуништа. Мештаните загрижени за своето здравје, реагираат до надлежните.

 |  Николоска Биљана  | 
kamenolom
каменолом

Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот.
„Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе му дадеме потполно право на нашиот советник и сите од селово ќе станиме доста е бидејќи Вчаста не презема ништо, и мораме да го сперечиме нештово бидејќи и ние сакаме да дишиме чист воздух. Доста имаме еден каменолом од порано веќе и со него имавме прашина многу и се тоа, градби имаме многу и повеќе каменоломи и доста ни е од каменоломи. Еден што е и тој е многу“, реагираат лабуништани
labunistaПрашината од каменоломите може да биде многу штетна и треба точно да се знае какви честички содржи таа, дали силициумови или од тешки метали, укажуваат пулмолозите. Секое зголемено присуство на овие честички предизвикува заболување, поточно ја намалува функцијата на белите дробови и предизвикува промени.
Пулмолозите не упатија до Заводот за здравствена заштита или до институтот за трудова медицина, да ни дадат податоци кога последно се направени мерење за присуството на прашина како производ на каменоломите. Побаравме одговор од Охридскиот Завод, од каде ни кажаа дека во Лабуништа, немаат поставено Аероседиментатор, мерен инструмент за честичките од прашина. Од таму го посочија Санитарниот инспекторат и МЖСПП како надлежни за оваа проблематика. Од Министерството директорот на државниот инспекторат Фирус Мемет кратко и јасно кажа дека дозволите за работа на каменоломите  се издадени од Локлната самоуправа на Струга и сите мерења и состојби во врска концентрацијата на прашината треба да ги следат од таму.
Незадоволството на мештаните во врска каменоломите изминатиот период, беше изразено со револти, демонстрации и манифестирано на еден начин што ниедна зедница не го посакува, вели струшкиот советник Абдула Ќазимоски.

„Бараме навремено, безболно да се реагира на овој проблем, каде што Лабуништа наместо да се намалат тие каменоломи за да се подобри животот, стандардот на животот, наместо тоа да се случи се зголемува бројот на каменопломите. Како што знаете на почетокот пред две години беше стопиран каменоломот но сега повторно таа концесија дали по вина на општина Струга, на Министерството за  Екологија, министерството за Економија, тоа не сакам да разговарам за тао и да кажувам, но барам од надлежните институции поинаку да се прогледа на овие работи“.
Ќазимоски смета дека приоритет е животот а не интересот на поединци кои ги добиваат концесиите без да размислат за здравјето на мештаните. Ќазимоски вели дека има соодветни места надвор од селото, каде може да се врши сепарација на каменот. Тој верува дека надлежните ќе изнајдат начин за излез од проблемот, а во спротивно најави порадикални мерки за да се спречи посегањето по здравјето на лабуништани и останатите кои се засегнати од овој проблем.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top