Седници на мускули

После неколкуте маратонски изданија на седниците на Советот, овој пат само 24 точки. Малку ли се или многу? Како и да е, потребна е концентрација.

 |  Николоска Биљана  | 
ohridski sovet
охридски совет

После долга и напорна седница, најдобар одмор за сивите мозочни келии е топол туш и кревет. Охридските советници добро се држат на седниците, иако во последно време не ретко се случува да заглават до доцните ноќни саати. Народот вели кога се мора ништо не е тешко, но дали навистина е така. Дел од советниците не кријат и пред камерата на ТВМ признаа, дека долгите седници на Советот се напорни, излегуваат од контекст и не ретко се случува нивната концентрација да е на минимум.
„Се губи голема кинцентрација при вака долги седници и неможиш да бидеш концентриран и целосно да бидеш присутен тука и нормално ќе треба да излезеш надвор, така ги гледам работите“, кажа независниот советник Љупчо Настоски.
„Така што во одредени моменти концентрацијата значи треба цело време да бидете концентрирани на дискусиите на другите советници, меѓутоа во одредени случаи кога расправата ќе се дефокусира веќе се губи суштината на она што претходно било планирано да се зборува“cingo, изјави Јованка Секулоска, од ВМРО – ДПМНЕ.
„Јас сум присталица на пократки меѓутоа ефективни седници, сходно на тоа и днавни редови, меѓутоа интересна е појавата дека одредени советници се многу виспремни многу заложени за дневниот ред или за дискусија единствено кога се тука медиумите. Кога си одат медиумите се случува одредени советници да си одат од седницата затоа што евидентно е дека не се заинтересирани за расправа меѓу советници“, вели Томислав Тунтев од СДСМ. Советниците несомнено сметаат дека седниците треба да содржат помалку точки на дневен ред, а расправиите да бидат пократки и поконструктивни, така што со сигурност одлуките би биле поиздржани и во интерес на граѓаните. Со тоа е согласен и претседателот на Советот, Душко Јаковчески. Сепак објаснува дека постојат точки кои од разни причини не трпат одлагање. Но и Јаковчески не крие дека и неговата концентрација попушта но смета дека може и мора да се издржи.
„Нормално е после 8 часови ефективна работа  концентрацијата да попушта. Тоа јас најдобро го знам и го гледам, затоа што сите советници ги гледам ги пратам кој излегува, кој е цело време тука, меѓутоа сите сме живи суштества и секој има одредени потреби мора да излезе или има некоја обврска. Меѓутоа сепак тоа е оставено на совест на секој советник, бидејќи секој советник треба да ја обавува функцијата за која е избран и највероватно 8 сати еднаш или два пати месечно може да издржи“.
Кога седниците се напорни и се развлекуваат до недоглед, има и интересни моменти. Да можеше говорницата да евоцира спомени би раскажала многу интересни случки, поврзани со советниците и предлагачите кои најмногу се задржуваат на неа и љубат да си поприкажат. Екс претседателот на Совет Владо Чингоски, се наврати на тоа како тој одржуваше дисциплина на седниците за време на неговиот мандат.
„Точно е дека додека јас бев претседател на Советот стрикно се почитуваа одредбите од Статутот и Деловникот за работа. Не дека деловникот тогаш беше толку добар меѓутоа она познатото правило, „Подобар бил најлошиот закон отколку немањето на закон“. Значи деловникот онаков каков што беше се почитување ригорозно. Како ќе се спроведува како ќе се почитува деловникот се зависи од претседателот на советот односно од менаџерот на советот. Во самото водење на седниците точно е немаше голем број на реплики односно репликите беа точно ограничени на 3 минути. Јас како претседател на Совет не дозволував ако не биде споменат никој да реприцира или да бара процедурално прашање без да посочи на што се однесува тоа“.
Следната седница на Совет, закажана за петок. Дневниот ред содржи 24 точки што и не се така многу во споредба со случаи кога имало и по 50 точки. Дали советниците ќе бидат ефективни и конструктивни и во разумно време ќе се приберат дома, останува да видиме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top