Промена на крајбрежниот појас

Кај фудбалското игралиште „Караорман“ ќе никне хотел, а ќе исчезнат неколку капитални објекти покрај Охридското Езеро на струшкиот дел.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

Обид за узурпација на спортските терени во Струга. Ова е впечатокот на струшките светници од редовите на ВМРО ДПМНЕ од денешната 38-седница.   Деталениот урбанистички план за уредување на крајбрежјето на 3 километарскиот потег од Еврохотелот па се до угостителскиот објект Аквариус, предвидува изградба на хотел П+6(потровје плус шест ката) и скратување на теренот кај ракометното игралиште. Доколку планот добие зелено светло ќе замре спортот во Струга, реагира координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Момчило Аврамоски.

sovetnici„Ние генерално целата промена не ја подржуваме не само патот значи и сите други делови на тој ДУП и ГУП не ги поддржуваме, бидејќи не можеме да се помириме ние со планови во кои ќе го нема фудбалското игралиште, бидејќи сме град што дава најмногу фудбалски репрезентативци кои потекнуваат од тоа игралиште. Не можеме да се сложиме со планови со кој ќе го снема ракометното игралиште од каде моментално потекнуваат 6 ракометни репрезентативци. Неможеме да се сложиме со тргање на објекти како што е тоа Извидничкиот дом „Крсте Јон“ Струга“.
Нацрт планот има голем број аномалии, вели Никола Затуроски од ВМРО-ДПМНЕ. Додава дека тоа е причина поради што нивната советничка група нема да даде поддршка за него.

„Од причина што сервисните улици дека се потребни, се, но факт е и тоа дека тие улици со проширувањето ќе поминат покрај одредени капитални објекти во општинава кои што се од стратешки интерес на градот“.

Недоразбирања во врска со планот имаше и кај советничката група на струшките социјалдемократи, кои побараа пауза заради дообјаснување на деталите. Но очигледно е дека кога се сака нешто да се протурка на мала врата, ќе помине. Раководителот на  градежниот сектор од Струга Натмир Неџипи, рече дека нема простор за чекање кога се работи за оваа точка.

„Четри месеци чекав од Хидрометеоролошкиот институт за висинската кота на езерото. Тие ми ја дадоа таа кота од 694, 25 на лице место можда е 693,5, а ние мора да работаме по котата која ни ја даде институтот. И веќе со тоа се докажува дека линијата од езерото е повлечена кон градот значи на лице место имаме 10-15 метра плажа а на нацрт планот тоа го немаме. Друго 4 месеци чекавме од Министерството за екологија за едно мислење. Гласавте пред тоа за 30 метри градба, тоа ни го одбија бараат законски до 50 м“.

Неџипи вели дека планот може да претрпи корекции бидејќи не е конечна верзија и тврди дека овој план предвидува само поставување на урбана опрема. Тој сега ќе биде на разгледување во Министерството за Транспорт и врски. 38 та седница на струшкиот совет беше во знакот на низа укажувања, барања и дополненија. Во таа насока советниците ги посочија проблемите како што се: лошата состојба со ископаните струшки улици, квалитетот на водата, подобрување на хигиената во градот, спорната концесеија на акомулацијата Шум, каменоломите во Лабуништа. Но сепак за пофалба е што ова тело има видно подобрување на полето на симултаниот превод, на што пред некој ден укажа нашиот медиум.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top