Ван Перси најдобар

Холанѓанецот Робин Ван Перси, фудбалер на лондонски Арсенал е прогласен за најдобар фудбалер во англиската Премиерлига во изборот на асоцијацијата на професионалните фудбалери.

 |  Голабовски Крсте  | 
Robin Van Persi
Робин Ван Перси

Холанѓанецот Робин Ван Перси, фудбалер на лондонски Арсенал е прогласен за најдобар фудбалер во англиската Премиерлига во изборот на асоцијацијата на професионалните фудбалери.

Ван Перси сезонава постигна 27 гола и е на пат со Арсенал одново да обезбеди настап во Лигата на шампионите, но и седма година по ред „топчиите“ останаа без трофеј во сезоната. Сепак, успехот со самото трето место во моментов за Арсенал е рамно на трофеј поради катасторфално лошиот старт на сезоната и раните елиминации во Куповите.

„Штом другите го велат тоа, мора да е посебно. Но, специјално е кога противниците тоа ќе го кажат. Тие ме избраа мене за најдобар фудбалер и тоа е голема чест“, рече Ван Перси, без кого Арсенал би бил само еден просечен англиски тим.

Robin Van PersiХоланѓанецот во Лондон дојде од Феенорд во 2004 година и оттогаш освои само еден пехар, во ФА-Купот во 2005 година, што е и последен трофеј за Арсенал. Тој е третиот Холанѓанецо кој ја освојува оваа награда по Денис Беркамп во сезоната 1997/98 и Руд Ван Нистелрој во 2001/02, а прв фудбалер на Арсенал по Тиери Анри во 2004 година.
Ван Перси сезонава првпат игра како шпиц, затоа што досега во кариерата секојпат бил вториот напаѓач, кој секогаш делувал зад првиот.

„Да бидам искрен, кога првпат добив таква улога не знаев што да правам, не бев сигурен дека можам тоа да го направам. Требаше време, но по неколку месеци сфатив и покажав дека можам да ја завршам работата“, рече Ван Перси, кој е фаворит да ја добие и наградата за најдобар фудбалер од англиските фудбалски новинари до крајот на неделава.

Тој побед во трката со Вејн Руни (Манчестер јунајтед), Скот Паркер (Тотнем) и триото на Манчестер сити, Џо Харт, Давид Силва и Серхио Агуеро, кои исто така беа номинирани. Ланскиот најдобар фудбалер беше Герет Бејл од Тотнем, а неговиот соиграч Кајл Вокер годинава ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата и најверојатно ќе добие место за десната бековска позиција за англиската селекција за претстојното Евро 2012.ПФА го избра и тимот на сезоната и тоа Џо Харт (Манчестер сити) – голман, Кајл Вокер (Тотнем), Винсент Компани (Манчестер сити), Фабрицио Колочини (Њукасл), Лејтон Бејнс (Евертон) – одбрана, Јаја Туре (Манчестер сити), Давид Силва (Манчестер сити), Скот Паркер (Тотнем), Герет Бејл (Тотнем) – среден ред, Вејн Руни (Манчестер јунајтед), Робин Ван Перси (Арсенал) – напад.

{loadposition content9

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top