Фокусот го ставиле врз културниот диверзитет и неговото разбирање, но и неговата примена во споменатите области.
Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.
„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите колеги од САД и како тие ја гледаат Америка и нивните предлози за развој и на начинот на предавање и за натамошниот развој на туризмот.“-вели Проф.д-р Цветко Андреески-Продекан по настава-ФТУ.
Соработката со американските колеџи трае веќе осум години, а вроди со плод со доделувањето на Фулбрајтовата стипендија во 2010 година на професор д-р Ирина Петровска од Факултетот за туризам и угостителство.
„Кога амбасадата на САД ни го додели грантот една од ставките беше да побараме добри и искусни експерти кои ќе допринесат во практичниот, освен теоретскиот и практичниот дел, во имплементација на културниот диверзитет, културниот диверзитет не само општо туку и во областа на угостителската индустрија.“-изјави Проф.д-р Ирина Петровска-ФТУ.
Професор д-р Сузан Ла Вентур како директор за меѓународно образование при Дејвидсон колеџот, задоволна од тоа како се одвивала работилницата. Вели македонската и американската култура имаат многу сличности.
„Зборувавме многу и за американскиот начин на живот и каков е животот на едно просечно американско семејство и работите кои американците сакаат да ги прават или не сакаат да ги прават. Но исто така научив доста и за македонската култура додека бев овде па бев среќна што не само што имав можност да едуцирам луѓе за нашата култура туку и научив многу за македонската култура.“-рече професор д-р Сузан Ла Вентур.
Професор д-р Вини Реџе пак, од Центарот за Угостителство и кулинарски студии при Хауард Комјунити Колеџот, вели дека многу е важно за Охрид и Скопје како најважни туристички дестинации во земјава да го разбираат културниот диверзитет на своите гости, кои не доаѓаат тука само за да работат туку и да уживаат во убавините на земјава.
„Со цел да се идентификуваат нивните потреби и начините на кои тие го работат својот бизнис секојдневно, многу е важно за оние кои ги нудат туристичките и угостителските услуги да го сфатат тоа и да создадат производ со кој тие гости ќе се чувствуваат удобно. И тие луѓе ќе ви се вратат повторно и повторно.“-вели Проф.д-р Вини Реџе.
Тој додава дека работите кои беа научени на работилницата мора да бидат и применети во предавањата на професорите, за да можат и професорите, и студентите, и македонскиот туризам и угостителство да имаат бенефит од оваа размена на искуства. Со цел доближување на американската култура до студентите на Факултетот за туризам и угостителство, ќе биде отворено и американско катче во кое ќе има одреден број на книги од САД од областа на туризмот, угостителството и американската култура, а ќе биде сместено во факултетската библиотека.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град