Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“

Сообраќајно-техничката култура особено значајна за младите.

 |  Мишел Наумоски  | 
tocaci polaganje
точаци полагање

Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави.

detski semafor manifestacija„Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај каде се среќаваат со реални проблеми, со вистински случки во одвивањето на сообраќајот, во настани поврзани со безбедноста во сообраќајот, така што нивниот интерес оттука е се поголем и поголем.“-рече Томислав Тунтев-Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

„Се надевам дека и наставниците ќе се подеднакво заинтересирани затоа што инаку нема да има ефект, и апел до министерството за образование кога ги подготвуваат наставните програми никако да не ја испуштаат сообраќајно техничката култура кај младите.“-додава Тунтев.

Инаку традицијата на организирање на Детски семафор влече уште од доцните 60ти години од минатиот век што значи дека ова би било 61 пат да се организира оваа манифестација.

На годинешниот општински натпревар учество зедоа вкупно 48 ученици во екипите од осум основни училишта. Беа постигнати следните резултати:

Во екипен пласман: 

Прво место – екипата на ОУ Живко Чинго

Второ место – екипата на ОУ Св. Климент Охридски

Трето место – екипата на ОУ Дебрца

 Во поединечен пласман, женска конкуренција:

Прво место – Тамара Маркоска, VI одд. ОУ Живко Чинго

Второ место – Елена Маркоска, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски

Трето место – Марија Колоска, VI одд. ОУ Живко Чинго

 Во поединечен пласман, машка конкуренција:

Прво место – Наум Шибакоски, VI одд. ОУ Живко Чинго

Второ место – Андреј Паскали, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски

Трето место – Валентин Петрески, VI одд. ОУ Дебрца

точациОрганизаторот на општинскиот натпревар обезбеди признанија за сите учесници во натпреварот, како и вредни награди и дипломи за најуспешните ученици и наставници – ментори. Трите првопласирани екипи освоија пехари за прво, второ и трето место во екипна конкуренција. Во поединечна конкуренција, првопласираните ученици освоија велосипеди, второпласираните освоија мобилни телефони, а третопласираните ученици освоија заштитни кациги. Со заштитна кацига беше награден и најмладиот учесник на денешниот натпревар, Мартин Андреески, V одд. од ОУ Христо Узунов, а најуспешниот ученик во вештото возење со велосипед, Климент Балоски, VI одд. од ОУ Живко Чинго како награда доби велосипед.

Од најуспешните и највештите натпреварувачи се формира општинска екипа, која ќе земе учество на регионалниот натпревар „Детски семафор“, и евентуално на државниот натпревар, чие одржување е закажано за 19-ти Мај, во следниот состав:

Тамара Маркоска, VI одд. ОУ Живко Чинго

Елена Маркоска, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски

Наум Шибакоски, VI одд. ОУ Живко Чинго

Андреј Паскали, VI одд. ОУ Св. Климент Охридски 

Климент Балоски, VI одд. од ОУ Живко Чинго 

Марија Цветаноска, VI одд. ОУ Братство Единство

(Наставник Ѓоко Чингоски – ментор на екипата)

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top