Во низата бројни активности се вклучија и од здружението Македонско-турско пријателство. Здружение е ново и ова е нивната прва активност.
Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден.
Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува добриот соживот во градов, ќе имаат поголемо разбирање за луѓето од социјалната категорија.
„Јас како и секогаш сум се ангажирал за помош на сиромашни луѓе што знаеме и сами дека сиромаштијата владее во земјава се повеќе и повеќе. Но тоа е тоа со мала помош ми се чини дека луѓето треба да се сиромашни а знам дека на овие луѓе има треба повеќе средства“. Се наоѓаме пред еден почеток и тука не застануваме, вели претседателот на здружението Илкер Мустафа.
Додава, дека сите сме луѓе и заедно можеме во многу да допринесиме кон подобрување на социјалната слика во градов.
„Нашите цели, како здружение, заедно со Усеини како и сите средби во Македонија и надвор од неа, еден дел во разговорите ни е и социјалениот дел. Значи социјалниот дел го опфаќаме како главна активност за да може да им пружиме на сите барем да го имаат она основното. Значи мораме сите да сватиме и прифатиме дека мора да се кренат бариерите на расни, национални и верски основи, што значи мора да постои соживот и соработка во еден современ свет за да функционира едно општество“. Ова е добар пример како може да функционира едно здружение во мултиетнички состав. Од таму велат дека годинава имаат предвидено повеќе хумани активности кон ранливата категорија на луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град