Чифлиганец и за Велигден во Охрид

50 пакети хуманитарна помош замина во рацете на ранливата категорија на луѓе. Помошта ја даде кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец, во соработка со Црвениот Крст.

 |  Николоска Биљана  | 
humana akcija
хумана акција

Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на  најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година.

socijalci„И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и вљубеноста во Охрид“.

Д-р Чифлиганец со мал говор се обрати кон присутните граѓани. Според него патот до успех во животот се постигнува со верност, чесност,способност и искреност. Чифлеганец спомна дека Велигденските празници за него имаат големо значение. Се присети на тоа дека како дете кое потекнува од сиромашно семејство ја знае маката на оние кои денес се тука, но сепак надежта дека еден ден ќе успее во животот му ги отворила сите порти за да стане денес она што е.

„И затоа денес овде сме собрани. Сакам од името на здружението на „Богојавление“, Охрид и од мое лично име како кум на Водици, да ви посакам успех и среќа по повод големиот христијански празник Велигден. На вас лично и на вашето семејство на сите ваши пријатели па и на целото македонско општество и на православието, да ги Господ благослови да донесе многу среќа, бериќет во вашите семејства и да очекувате подобри времиња. Ако го правел тоа Исус Христос пред 2012 год за својата вера за својот народ ние денес треба да го правиме тоа да имат барем подобар и посреќен живот..03:23 живот)

cifliganecПретседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков, во свој стил изрази благодарност кон носителот на денешната хумана акција. Воедно на сите верници ги честита престојните празници и рече дека и понатаму ќе работат и соработуваат со сите кои сакаат да излезат во пресрет на социјално загрозените семејства.
„Колку што сме тажни што живееме во ваква тешка економска криза и во нашата земја и насекаде во светот и што се поголем и поголем е бројот на социјално загрозени семејства, среќни сме што постојат хумани луѓе кои што својата општествена одговорност како претставници на корпоративниот сектор ја споделуваат со нас како хуманитарна организација да помогнеме на една категорија на луѓе коишто навистина се борат за својата егзистенција“.
Голема благодарност изразија присутните членови на загрозените семејства. Дел од нив тоа јавно му го кажаа на Чифлиганец, а имаше и такви, кои кога го примија пакетот на нивните очи светнаа солзи.
Дождот не ги спречи да дојдат пред Црвениот Крст во Охрид, за да им биде дадена помошта. Но сепак пред камерата не се охрабрија да го кажат тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top