Од идната година ќе се збришат класичните депонии

Депониите, од идната година  ќе се издаваат под концесија.

 |  Валентина Нелоска  | 
deponija
deponija

Министерството за животна средина планира формирање на 6 до 8 регионални центри за управување и менаџирање со депониите.

При тоа пријавените концесионери ќе  мора  да ја испочитуваат сторгата пропишана процедура вели заменик министерот од ова ресорно министерство Соња Лепиткова. Отпадот ќе мора да се селектира и рециклира, а на депонијата ќе  завршува помалку од 10%, како инертен отпад. Локациите за центрите со управување на отпадот ќе се избираат врз основа на правилник, а се очекува кон крајот на ноември да биде донесена уредба. Со неа ќе бидат строго  дефинирани сите услови.

депонија СтругаОд министерството упатуваат апел до гарѓаните и до јавните претпријатија што поскоро да станат вистински партнери, за сметот да се одлага како што треба. Тое услов  да имаме чиста животна средина и да се ослободиме од грдата слика на депонии вели Лепиткова. Таа потенцира дека е задоволна од досегашната соработка со охридскиот и струшкиот градоначлник, како и со пратенците од нивното учество во јавните расправи за донесување на Националниот план за управување со отпадот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top