Пензионерите ќе добијат сместувалиште

Заврши четиригодишната институционална битка за подигање на Дом за стари лица.

 |  Николоска Биљана  | 
magnus
магнус

Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.
„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова година, овие денови и со одлуката на Комитетот за градежно земјиште која треба да помине формално преку Владата просторот веќе е обезбеден и е доделен на општината и општината веќе може да расипше тендер за изградба на Домот за стари лица односно има и интересни домашни и странски инвеститори за изградба на овој дом. Капацитетот на домот би бил од 100-150 пензионери и просторот се наоѓа некаде до хотелот Магнус покрај крајбрежјето“.

penzioneriВо една пригода градоначалникот на Охрид Александар Петрески, рече дека изградбата на објектот за стари лица, ќе биде круна на соработката помеѓу охридската Локална самоуправа и пензионерите.

„Значи пензионерите по мене се суште столбот на едно семејство, се сеуште столбот и на општина Охрид и на државата и мислам дека општина Охрид го дава заслуженото внимание према нив, меѓутоа мислам дека државата и општеството сеуште не го даваат заслуженото внимание бидејќи како што кажав тие се столбот на општеството“.

Здружението на пензионери на подрачјето на Охрид и Дебрца брои 8 500 членови. Досега во Охрид немало објект за грижа на старите лица и на оние кои останале сами. Но чекањето на пензионерите по се изгледа ќе им се исплати годинава. Домот за стари лица ќе се гради на атрактивна локација покрај охридското крајбрежје на мирно место, на површина од 8 000 м2 од кои 5000 ќе зафати објектот а останатите ќе бидат искористени за парковски уредена површина. Во него ќе можат да домуваат пензионери кои се во добра здравствена состојба, пред се подвижни лица, бидејќи престојувањето во домот предвивдено е да биде еден вид хотелско сместување. Иницијативата за изградба на домот е на претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчевски

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top