Се за „Галичица“

Основците од Григор и Братство го засефтија Информативниот Центар за посетители на НП „Галичица“во Охрид. Денес отворен е и Центарот во Стење.

 |  Николоска Биљана  | 
galicica
галичица

Отворени двата информативни центри на НП „Галичица“, во Охрид и Стење. Почесни гости на отварањето беа основците од ОУ. „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“,  кои денес го одржаа првиот час по биологија, запознавање со вредностите на НП „Галичица“. ucenici galicicaУчениците задоволни и ова е новина за нив.
„Искрено позитивно сум изненадена од овој музеј се беше во најдобар ред и имавме можност да се запознаеме со многу работи коишто претходно не сме се запознале посебно со убавините на Галичица, вели ученичката Марија. Нејзината другарка  Сара Зафироска вели дека центарот е добро среден и има што да се научи од тука“.
Во информативниот центар ќе се добијат висококвалитетни информации за природното и културно наследство на НП, вели первиот човек на паркот Зоран Ангелоски.
„Овие информативни центри за посетители се први од ваков вид во нашата држава со тоа што Охридскиот е еден од најдобро уредените во нашето непосредно опкружување. Информативните центри ќе работат секој работен ден од 10 до 15 часот во нив се вработени две лица кој што за оваа пригода беа специјално обучувани во текот на изминатата година. Ги обучуваа и странски експерти покрај нашите“.
zoran galicicaЦентрите за посетители во Охрид и Стење претставуваат солидна реализација на два проекти, во вредност од некаде околу 500 000 евра, кои средства се обезбедени од италијанската и германската Влада. Свое учество има и Министерството за внатрешни работи на Македонија, со отстапување на просторот на зградата во Стење. Идеите, дозволите за градба и локацијата за центарот во Охрид, е заложба на менаџментот на паркот. Исто така паркот потроши средства од сопствениот буџет за уредување на просториите каде работи дел на кадарот од НП. Двата центри се први во земјава од ваков карактер и истите ќе претставуваат новина на туристичкиот пазар, кои ќе влезат во понудите на сите туристички работници а како задолжителна посета ќе се понуди на сите образовни установи, велат од паркот.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top