Широкопојасниот интернет е основа за економски развој на државите.
Република Македонија е една од 112те земји кои уживаат во широкопојасниот интернет. Или во превод, македонците се служат со супер брз и ефтин интернет преку кој лесно добиваат пристап до бараните информации. Петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со заклучок дека токму оваа технологија е основа за економскиот развој на земјите во светот. Според премиерот Груевски, Македонија не е исклучок од тоа.
„Развојот на информациските и комуникациските технологии во Република Македонија е ставен многу високо на списокот на приоритети на оваа Влада. Се вели дека ако некој сака да постигне напредок, амбициите треба да му бидат рационални но и неограничени во исто време. Поставивме амбициозни цели во смисла на информатичките и комуникациските технологии и можам да подвлечам дека имаме напредок и во нивната реализација.“-вели премиерот Никола Груевски.
Ко-претседателот на Комисијата за широкопојасен интернет и претседател на Руанда, Пол Кагаме вели дека комисијата уште од самиот почеток работи во насока на поголем пристап кон широкопојасен интернет.
„Сега треба да работиме уште понапорно, за да ги привлечеме сите глобални играчи за да се осигураме дека таквите бенефити не се едноставно оставени на случајноста или пак да се оставени настрана заради честите конкурентни приоритети. Престојниот самит на ОН за одржлив развој претставува можност за Комисијата да ги мобилизира светските лидери за да се направи широкопојасниот интернет широко достапен и финансиски пристапен.“-рече претседателот Кагаме.
Неговото мислење го дели и мексиканскиот магнат, Карлос Слим Хелу, кој е воедно и ко-претседател на оваа комисија.
„Претседателот Кагабе во отворањето на својот говор не потсети на водечкиот принцип на оваа комисија, да се забрза социјалниот и економскиот развој преку широкопојасен интернет, услуги и апликации и да се промовира улогата на широкопојасниот интернет како основна инфраструктура која ќе ни помогне да ја оствариме милениумската развојна цел. Денешната средба во Македонија ни дава добра можност поблиску да осознаеме како овој процес се случува во еден различен регионален контекст.“-изјави мултимилијардерот Карлос Слим.
На состанокот покрај нашите владини претставници, присутни беа и комесарите членови на Комисијата за широкопојасен интернет, како и десетина експерти од областа на интернетот и информатичките и комуникациските технологии како ИНТЕЛ и Ериксон телефоник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град