Велосипедска патека за акробати!

Конечно велосипедска патека за Охриѓани-и тоа каква.

 |  Мишел Наумоски  | 
tocak znak
точак знак

Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се уверите во нејзината полезност.
Нашата одисеја започна токму од пресекот на Туристичка со Абас Емин. Не за друго туку затоа што ни беше најблиску.

bilbord i kontejnerСе обидов да возам но стигнав до сообраќајниот знак, со рачките од велосипедот се удрив во столбовите. Камо да си имав минијатурен велосипед па да можев да поминам. Јас сум виновен, денес сум го зел велосипедот за возрасни. Упорен си сум јас, не дозволувам оној сообраќаен знак да ми ја уништи желбата за возење велосипед. Си продолжив понатака. Стигнав до друг сообраќаен знак, на него пишува: „ САМО ЗА ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА“.  Се прашувам какво возило е мојот велосипед?

Ја заборавам мистеријата со знакот и си префрлам пешачки кај Охридска банка-ама си го туркам велосипедот, бидејќи сега сум на пешачки, а не на велосипедски премин. Кога пред мене уште еден подвожњак. Застанувам пред знакот и се замислувам. Се прашувам дали мора да се задржам помеѓу жолтите ленти?

slalomЗа да не излезе дека заземаме страна, отидов и од другата. Си тргнав убаво, веќе никакви пречки не излегуваа пред мене. Се додека не стигнав до слалом-делницата каде морав да го избегнам големиот билборд од десно, а притоа да не се удрам во контејнерот од лево. За среќа, ми успеа! Продолжувам понатаму и гледам бришан простор пред мене. Овде нагазив на педалата, ветерот ми поминуваше низ косата и си помислив: Е ова е живот, камо некој порано да ја нацрташе патекава.

Долга улица е „Туристичка“, долга и за автомобили, а камо ли за велосипеди. Се прашувам колку бевме безбедни досега и не наоѓам одговор, но сега знам дека некој конечно се погрижи и за тоа. Безразлика дали ќе дриблате меѓу контејнери, заобиколувате билборди или возите под сообраќајни знаци, факт е дека Охриѓани ја добија велосипедската патека која од секогаш ја заслужуваа. Само да се надеваме дека ќе сме послушни и дека ќе ја користиме кога возиме велосипед, наместо да се жалиме дека другите се неодговорни возачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top