Сомнителна судска одлука

Меди Туши незадоволен од последната одлука на Основниот суд Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
predmet tusi
предметнтуши

Наместо да се потврди 10 годишната затворска казна која е два пати изречена во Основниот суд Струга, истата е драстично намалена. Оштетениот Туши е шокиран од најновата пресуда.

Добовјанецот Меди Туши со нарушено здравје две години талка по судови, барајќи правда. Тој бил жртва на грабеж, при што не само што бил ограбен туку претрпел и сериозни телесни повреди. Откако излегол од кома, започнало неговото трнливо патешествие во постапката против обвинетиот за нападот, инаку негов поранешен киријаш. ТВМ пред половина година информираше за овој случај. Туши смета дека се прави далавера во врска неговиот предмет, кој три пати се враќа во основниот суд Струга на повторно судење од Апелација Битола, за на крај казната на обвинетиот да му биде намалена од 10 на 2 години затвор.
„Јас не сум задоволен бидејќи овде е направена голема корупција“, вели Туши.
presuda tusi
Поради правно појаснување на предметот во врска Туши, кој јавно прашува каде е направена корупција дали во Битола или пак во Струга, го побаравме неговиот бранител. Тој не беше расположен за разговор со нас.
Туши сакаше јавно да проговори за неговата мака и неправдата која го снашла. За повеќе информации не упати до неговиот бранител Божин Маркоски. А тој пак во краткиот телефонски разговор со нас рече „недаваме информација за телевизија“.
Но Бесник Каба бранителот на обвинетиот, даде информација за нашиот медиум. На нашето прашање дали постои индиција за коруција во судството конкретноа за случајот на Туши и неговиот клиент, Каба одговори. „Не е точно дека постои корупција во судството, погрешно е мислењето на оштетениот. Според доказите донесена е пресуда, која пак според мене е престрога и е на штета на обвинетиот“.
Сепак надежта последна умира. Туши на своја кожа досега почуствувал дека понекогаш правдата е бавна, но тој решен е да не се откажува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top