Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник.
Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник.
Мајк Тајсон, поточно, во април на сцената во Лас Вегас ќе го постави својот автобиографски монолог „Мајк Тајсон: неоспорена вистина – во живо на сцената”.
„Се надевам дека луѓето ќе се забавуваат, и ќе си заминат среќни. Се надевам дека ќе научат некои работи. Мојата приказна не е убава, во неа има многу грди нешта”, изјави Тајсон кој во 1986 година во својата дваесетта година од животот стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во историјата на боксот.
На публиката Тајсон ќе и’ раскаже за сите работи што се случиле во неговиот живот. За мајката којашто не го сакала, за таткото кој никогаш не го запознал, од тоа како од млад деликвент станал светски првак и како потоа се урна во амбисот, завршувајќи во затвор поради силување а пота и како банкротираше.Засега се закажани пет претстави на Мајк Тајсон, коишто во средината на април ќе се одржат во хотелот „ MGM Grand” во Лас Вегас.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град