Спортските риболовци во работна акција

Спортските риболоци го чистеа каналот од мртвата плашица.

 |  Маленкова Татјана  | 
kanal Biljanini izvori
канал Билјанини извори

Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот.

„Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега kanal Biljanini Izvoriнастапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.
 
Спортските риболовци сметаат дека поигрувањето со Билјанини извори, но и многубројните пловни објекти во летен период, допринесоа да се уништи едно зимувалиште кое опстојувало со милиони години. 90 % од каналот нема никаква ни флора ни фауна, велат риболовците. Ова се причините поради кои Спортското риболовно друштво до надлежните ќе достави барање за да се заштити делот околу Билјанини извори.

„Нашето наредно барање ќе биде околу Билјанини извори да се прогласат три заштитни зона каде би била Radovan Dimitrieskiзабранета урбанизација и градење на било какви објекти.  Ова што сега наеднаш протекоа Билјанини извори е поигрување со животот на плашиците, што би значело дека истите не се добро менаџирани или пак станува збор за политички игри“, вели претседател на СРД Св. Апостол Петар, Радован Димитриески.

Загрижува фактот што инспекторите освен што излегоа на терен и го констатираа поморот на плашица, не се направи ништо за да се отстрани истата од каналот.  Акцијата на риболовците во секој случај е за поздравување, но се надеваме дека истата ќе биде и потик многумина посериозно да размислат за она што се случува во каналот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top