Нови решенија за малите станоиздавачи

Дел од станоиздавачите од мал обем незадоволни од критериумите по кои ги добиваат ѕвездичките.

 |  Мишел Наумоски  | 
Goce Simonoski TLER
Гоце Симоноски ТЛЕР

Станоиздавачите од мал обем категоризирани во 2009 година треба да добијат нови решенија. Три години е важноста на претходно издадените, а нивните сопственици мора да ги продолжат според датумот на издавање. Оние станоиздавачи кои нема да ги обноват своите решенија, нема да имаат право да ја вршат својата дејност. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека доколку има некакви квалитативни измени во условите кои ги нудат станоиздавачите, не мора да чекаат три години за да достават барање за категоризација. Истото можат веднаш да го достават, а комисијата на терен ќе ги утврди настанатите измени по што ќе биде издадено ново решение. Сепак дел од станоиздавачите изразија незадоволство од критериумите според кои ги добиваат своите ѕвездички. Тие сметаат дека постојат многу случаи во кои двајца станоиздавачи нудат различни по квалитет капацитети, а имаат ист број на ѕвезди. Некои се пожалија и дека нема доволно параметри кои се оценуваат со цел да се добие што е можно пореален број на ѕвезди. Од секторот за ТЛЕР не се согласуваат.

soba„Категорично ги отфрлам сите такви дискусии кажани од анонимци со дефинирана цел да се наштети на оваа постапка. Ние сме единствена општина која спроведе процес на категоризација и регистрација. Од нас учат другите градови, пример Крушево ги бараше, ЕУ ни даде награда за тоа. Категорично ги отфрлам, нека дојдат, нека излезат пред камера, заеднички ќе ги отвориме сите услови. Ако сакате и сега ќе ви ги отворам, сите услови кои ги имаме поставено. И доколку постои таква разлика нека кажат отворено каде е таа разлика, најодговорно ќе застанеме зад нив и ќе разгледаме.“-рече Гоце Симоноски-Раководител на Сектор за туризам и локален економски развој.

Симоноски додаде дека критериумите за категоризација се одредени со закон и дека дефинирани се и дополнителни критериуми за што е можно пореална категоризација каде што невозможна е субјективност-вели тој. Околу новите решенија за станоиздавачите кои биле категоризирани во 2009 година, Симоноски вели дека мора да си го проверат датумот на издавање. Доколку им истекува, треба само да го посетат секторот за ТЛЕР и доколку немаат некои квалитативни измени за неколку дена ќе го добијат новото решение. Во моментот, во Охрид има околу 2000 станоиздавачи од мал обем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top