Проектот „регулаторна гилотина“ во Охрид

Проектот регулаторна гилотина претставен и пред охриѓани.

 |  Маленкова Татјана  | 
иваноски иво министрер
ivo ivanoski minister

Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле.

„Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено регулаторна гилотина проектво една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена, втората 74% и третата 73%.  Со претходните три фази Р Македонија од светска банка во извештајот за водење на бизнис неколку пати беше наградувана и беше меѓу првите пет реформатори“, истакна министерот за информатичко општество Иво Иваноски.

Проектот на министерството за информатичко општество е подржан и од Сојузот на стопански комори. Од таму велат дека ова е одлична можност стопанствениците да се запознаат со стопанските комори, а потоа и поголем дел од нив да станат нивни членки.

„Сигурни сме дека токму оваа четврта фаза која е намената за микро и мали претпријатија ќе придонесе за нивно функционирање и за полесно обавување на нивните активности и на нивните бизниси. Отстранување на оние административни бариери кои го кочат секојдневното работење на микро, мали и средни претпријатија, а кои од своја страна немаат негативна импликација на буџетот на Р Македонија“, истакна извршниот директор на сојуз на стопански комори, Митко Алексов.
 
Малите и средните претспријатија кои немаат правници во своите служби и кои секојдневно неможат да ја пратат промената на законската регулатива, преку комората или министерството ќе можат да изнајдат решение за своите проблеми. Во проектот се опфатени 20 општини, а една од нив е и Охридската.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top