Велгоштани на протест

Дел од жителите во Велгошти протестираа поради неасфатираните улици.

 |  Маленкова Татјана  | 
Димче Шапкарески
Dimce sapkareski

Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.
улица велгошти, протести„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот на МЗ Велгошти, Димче Шапкарески.
 
На прашањата од штрајкувачите стигна експресен одговор од локалната самоуправа. Од одделението за комунален развој велат дека причина поради која сеуште во Велгошти има неасфалтирани сокачиња е изградбата на канализационата мрежа. Од таму додаваат дека за две години од кога и започна изградбата на овој систем до овој момент приклучени скоро 90 посто од куќите. Раководителот на одделението за комунален развој Зоран Шикалески открива дека оној мал дел кој останал е поради нерешените имотно правни односи или пак на оние места кои се повисоки во споредба со она што треба да се изгради.
зоран шикалески„Во програмата од локалната самоуправа за оваа година е влезен овој проблем и истиот ќе се реализира во целост. Велгошти комплетно ќе добие канализациона мрежа, ќе стигнеме и до последната куќа. Потоа на целиот потег ќе ставиме и асфалт. Со оглед на нашите програмски активности до почетокот на летото во Велгошти ќе се интервенира како што треба да се интервенира“, вели Шикалески.
Тој објаснува дека досега не се асфалтирале сокачињата, затоа што минатата година се вршеле теренски испитувања, затоа што збиеноста на земјиштето не била на задоволително ниво, поради што постоела можност по одреден период асфалтот да пропадне. Тој додава дека на овој потег се работи и дека веќе е изградена дождовна канализација, ставени се ивичњаци и тротоари и дека со ист интензитет ќе се продолжи на сите сокачиња и улици во селото

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top