Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите

Учениците од „Ванчо Питошески“ ќе им го презентираат Охрид на посетителите онака како што тие го гледаат.

 |  Мишел Наумоски  | 
Jeliz Karaman Beshir profesor
Јелиз Караман Бешир професор

Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто се вклучиле во проектот.

Sveti Naum manastir„Засега само собиравме информации за локалитетите. Еве сега се подобрија и временските услови, па сето она што го прибравме како информација, сега ќе може да го видиме и на терен. Работиме веќе подолго време, собиравме информации за локалитетите кои што ги избравме.
„Отприлика сме околу 16 ученици, поделени во четири групи. Секоја група ја води различен ментор. Месноста Свети Наум и изворите ги избравме како најпосетена туристичка атракција во овој дел од Охрид.“
„Охрид не фасцинира со убавините со кои располага. Тоа е место со голема историја, има многу убави цркви и други градби кои си имаат своја приказна. На крај сите овие убавини ќе ги презентираме низ неколку екскурзии на локалитетот кој што го избравме.“-велат дел од учениците кои учествуваат во проектот.

Средното училиште „Ванчо Питошески“ било избрано како едно од само десетте училишта од земјава кои добија подршка од УНЕСКО. Проектот го спроведуваат веќе осум месеци, а целта како што вели професорката Јелиз Караман, е да се охрабрат младите луѓе да се вклучат во зачувувањето на светското наследство и да добијат јасна слика за неговата значајност.

ezero Sveti Naum

„Конкретниот резултат се очекува во мај месец пред крајот на учебната година. Тогаш планираме да биде завршната фаза односно реализацијата на овој проект и предвидена е еднодневна екскурзија на тој локалитет, предводена од наши ученици како идни туристички водичи значи тие да покажат што се тие знаат и умеат и како тие ќе го претстават тој локалитет пред јавноста.“-вели професорката  Јелиз Караман-Бешир.

Проектот се спроведува под водството на предметните професори во неколку области. Вклучени се туристичката географија, културното наследство, биологијата и туризмот и угостителството. Да им посакаме успех на овие млади туристички водичи, па нека го прикажат нашиот град во вистинско светло.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top