Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот.
За директор на „Охридско лето“ е избрана Елизабета Јанкуловска, досегашната советничка за недвижно културно наследство на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција.
Програмата на кандидатот е конципирана во неколку дела кои детално се објаснети поединечно. Она што го издвојува овој кандидат од останатите е донесување на стратегија за работа и развој на установата во периодот 2012-2016 година. Ова укажува на сериозноста на кандидатот, на тенденцијата долгорочно и темелно да се води установата и да се планира нејзиното работење. Од доставената програма јасно се гледа високата професионалност во работењето, способноста за менаџирање и управување во културата, темелност во познавање на состојбите, добиена врз основа на долгогодишната активност во институциите од областа на културата.
На конкурсот за избор на директор на „Охридско лето“ беа пријавени шестмина кандидати, од кои само тројца ги исполнуваа критериумите наведени во конкурсот.
Јанкулоска пред вработувањето во Министерството за култура, околу 13 години работела во Универзална сала, извршувајќи повеќе функции од соработник во маркетинг-службата, креатор на програма, за на крај две ипол години да биде на директорската позиција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град