Против дел од вработените во охридскиот катастар беа превземени санкции и дисциплински мерки.
Како резултат на спроведената контрола на вработените од Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности непосредно пред акцијата ″Отворено со катастарот″ во која беа пронајдени стотина нерешени предмети во фиоките на вработените во Одделението во Охрид, како и од големиот број на граѓани кои изразија незадоволство од работењето на Охридскиот Катастар, против дел од вработените беа превземени санкции и дисциплински мерки. Со цел надминување на констатираните слабости во работењето и за успешна имплементација на новиот електронски катастар, времено од 12 март 2012 година за раководител на Одделението за катастар на недвижности во Охрид ќе биде назначен Симо Костојчиновски актуелен раководител на Одделението во Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град