Наместо марина, понтони

Нивното поставување, обврска на закупците на плажите.

 |  Крсте Голабовски  | 
pontonski
понтонски

понтонскиИ покрај децениската потреба од изградба на марина, Охридското езеро ќе  добие мини пристаништа. Планирано е да се монтираат мали пристаништа на пет локации, од кои четири во општина Охрид, на плажите Љубаништа, Магнус, Куба либре и Немо. Во неодамна објавениот акционен план на Министерството за транспорт и врски за нивна изградба, стои дека поставувњето ќе претставува една од обврските за идните закупци на плажите.

„Обврската на концесионерот е да го постави ова понтонско пристаниште.Онаму каде има концесионери, тие треба да најдат кој ќе го изведи ова, а во другиве случаи ние како Министерство“ вели Настоски.

NastosakiОстанува како обврска на концесионерот, по завршувањето на концесијата, плажата да ја врати во првобитната состојба што значи и да го демонтира пристаништето. Во Струга едно мини пристаниште се планира да биде поставено на градската плажа, а бидејќи општината управува со неизграденото државно земјиште, таа ќе го задолжи концесионерот на градска плажа да го изведе изтото.
Настоски вели дека поставувањето на овие пристаништа во голема мерка ќе ја зголеми динамиката на работа на капетанијата, посебно во поглед на безбедноста. Се наметнува прашањето, дали поставувањето на мини-пристаништата во Охрид, ќе предизвика промени во урбанистичките планови.

„Мислам дека за вакви понтонски пристаништа нема да има потреба од промена на урбанистички планови, доколку се градат пристаништа со тврда градба со камен, тогаш треба во урбанистичките планови да настанат промени“ вели Петрески.

На Преспанското езеро е предвидено поставување на две мали пристаништа, а исто толку се предвидени и за Дојранското Езеро, за чија набавка ќе биде спроведена јавна постапка од страна на Министерството за транспорт и врски и АД „ЕЛЕМ“.На Мавровско Езеро пак, е предвидено поставување на едно мало пристаниште кое ќе биде обврска на ЈП Национален парк „Маврово“. Што се однесува до изборот на локациите, за истата беше изготвена анализа од страна на Министерството за транспорт и врски, а од капетанијата велат, дека сега за сега наведените локации не може да се менуваат. Настоски не се согласува дека просторот, од плажата „Немо“ до последното понтонско пристаниште, кај автокампот Љубаништа без вакво пристаниште е преголем, алудирајќи притоа на пристаништата кај Метропол, Гранит и Пештани. Но, едно е сигурно, овие понтонски пристаништа во никој случај не може да бидат компензација за потребата од изградба на марина.

„На Охрид и Охридско езеро, апослутно дека му е потребна марина.Со овие пристаништа мислам дека минимално ќе се задоволат потребите, а ваквите времени објекти не ја нудат заштитата и условите кои која марината ги нуди, затоа мора да ја напуштите“, дециден е Настоски.

pristanistaОвие мини пристаништа, треба да бидат соодветно осветлени и опремени со мост за приод, гумени одбојници и скала за качување од вода, како и можност за поставување на пумпа за точење на гориво. Поседуваат голема стабилност и издржуваат удари на бранови до 1 метар, како и висинско поместување на водата со оглед на начинот на сидрење до 9 метри длабочина. Нивната должина во просек изнесува од 10 до 12.5 метри, а широчината 2.4 – 4.0 метри, со височина над водата од 0.5 метри. Начинот пак на кој ќе биде решено точењето на горивото, односно дали ќе биде поставен фиксен резервар или  мобилен, ќе биде усогласено според конфигурацијата на плажата. До крајот на овој месец треба да се знаат новите концесионери на охридските плажи. Како тие ќе се снајдат со реализирањето на оваа најнова обврска која ќе им стои во договорот за концесија, останува да видиме.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top