Ревидираната стратегија за развој на туризмот за едни одлична за други за менување

Ревидираната стратегија за развој на туризмот конечно е усвоена. На изготвувачите од ресорното министерство им требаа цели три години за нејзино финализирање.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
ohrid

OhridРевидираната стратегија за развој на туризмот конечно е усвоена. На изготвувачите од ресорното министерство им требаа цели три години за нејзино финализирање. Во меѓувреме, во туризмот се работеше според ревидиран акционен план со важност од 2011 кој ќе трае се до 2015 година. Раководителот на секторот за туризам при ресорното министерство, Зоран Николоски вели дека е задоволен од  резулататите постигнати со примената  на  ревидираната Стратегија. Тој потенцира дека основната цел им била да ги согледаат и надминат досегашните слабости во туризмот, а резултатите  се веќе видливи.
„И претходната и оваа даваат визија и насоки за развој на туризмот во Македонија во наредните 5 години. Сите мерки што почнавме да ги преземаме даваат плод, имаме   пораст на 10,5 поголем број на туристи и  25 посто на странски посетители“, информира Николоски.
prof Naume MarinoskiИ додека раководителот на секторот за туризам  е задоволен, експертите по туризам кои учествуваа во нејзиното ревидирање даваат препораки за нова стратегија. Проф д-р Науме Мариноски смета дека  стратегијата за развој на туризмот во иднина мора да се менува. Според Професорот Мариноски стратегиите не треба да се изготвуваат на 5 години, туку  целите да се поставуваат на  подолгорочен период од 10 години. Министерството ги увиде забелешките и го прифати ставот да се изготви нова стратегија. Основните забелешки се однесуваат на  усогласување на потенцијалот со побарувачката. Во стратегијата не беа опфатени сегменти кои се однесуваат на инфраструктурата и супраструктурата, вели професорот. Ние имаме патна инфраструктура и забавни содржини за анимација на туристите, но овие сегменти треба постојано да се подобруваат појаснува Проф. Мариноски.
„Некои делови се содржани, но не се систематизирани. Немаат временска рамка, а ни финансиска конструкција“.
Една од препораките во ревизијата била и кластерски приод  кон туризмот. Во иднина сите засегнати страни да си го најдат своето место во функционирањето на оваа стопанска гранка, нагласува експертот по туризам  проф. д-р Науме Мариноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top