Тоа го соопштија роднините на загинатите, пренесува Бугарското национално радио.
Семејствата на 15-те бугарски државјани, кои што загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, ќе добијат по 4 500 евра од осигурување. Тоа го соопштија роднините на загинатите, пренесува Бугарското национално радио.
Неколку месеци бугарските семејства преговараа за исплаќање на сумата, која се дава после договореното осигурување со македонска компанија. Во меѓувреме продолжува да се бара можност обештетување да плати и фирмата германски Лојд, која имаше издадено сертификат за техничка исправност на бродот. Трагедијата во Охридското езеро се случи на 5 ти септември 2009 та година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град