• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерството за транспорт и врски бара локации за сместувачки капацитети во НП „Галичица“

Министерството за транспорт и врски бара локации за сместувачки капацитети во НП „Галичица“

Министерството за транспорт и врски преку допис од Локалната самоуправа бара предлог локации за изградба на нови сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица.

 |  Татјана Маленкова  | 
NP Galicica
НП Галичица

NP GalicicaМинистерството за транспорт и врски преку допис од Локалната самоуправа бара предлог локации за изградба на нови сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица. Во дописот уште стои и барањето Локалната да наведе и податоци за предметното земјиште и дали за истотот е изработена урбанистичка планска документација или пак постои постапка за изработка и дали постои изградена планска инфраструктура.

„ Дописот е за изградба на мали хотели на сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица се до Охридското крајбрежје. Најверојатно се работи за такви парцели што можат да имаат урбанистичка согласност, за во иднина и таму да можат да се прават сместувачки капацитети“, вели градоначалникот Александар Петрески.

НП е во надлежност на Министерството за заштита на животна средина, а  недлежноста на Локалната самоуправа е исклучиво во однос на урбанизацијата на просторот.

„ Ние имаме основа за урбанистичка подлога за крајбрежјето од каналот Студенчишта, реката Рача, па се од Св Наум. Кој простор во кој урбанистички план и со каква намена. Основниот урбанистички план со новите регулативи е преименуван во генерален, се додаваат само намените , пример земјоделско земјиште, туристички капацитети и за поголемиот дел каде сме сматале дека треба да се урбанизира, веќе се донесени урбанистички планови“, вели Арнаудов.

„Паркот не дозволува ширење на објектите во рамките на Националниот Парк“, вели Арнаудов. Раководителот на секторот за урбанизам додава дека секторот се држи до планот од 1980 год, и исклучоци кои се урбанизирани се само населбите Пештани,  Љубаништа и Св Наум.

„ Друго од Пештани до Трпејца и од Трпејца до Св. Наум сакаме да се зачува да не се оптоварува со објекти.Ние во однос на писмото ќе одговориме каде што имаме планска документација. Ова е Национален Парк. Јас мислам дека на овој простор нетреба да се оптоварува со сместувачки капацитети, затоа што мислам дка имаме доволно изведени и неизведени“, вели раководителот на секторот за урбанизам.

NP GalicicaАрнаудов додава дека покрај изведените капацитети Инекс, Славија, Белви, Метропол, Десарет, комплексот Св. Наум, во документацијата има и капацитети кои сеуште не се изведени. „Сметам дека за езеро како Охридското, овие капацитети се повеќе од доволни“, додава раководителот на Секторот за урбанизам. Тој ова го поткрепува со фактот што Охрид, Струга и Поградец како градови на охридското езеро заедно имаат 150 000 жители. Ако на оваа бројка се додадат и 100 000 те гости, тогаш многу е голема веројатноста езерото да се загади. Да не дозволиме да се случи за некоја година да бараме фондации преку кои ќе го чистиме езерото од загадување, вели Арнаудов. Што се однесува пак за градби на Галичица, Арнаудов смата дека ставот на Локалната е дека може да се направат мали автентични времени објети од камен, но не сместувачки, туку угостителски кои не би го оптеретувале просторот.

Детали за плановите на министрсвото за транспорт и врски побаравме и од директорот на НП, Зоран Ангелоски, како и од Министеството. Ангеловски вети дека ќе образложи се по враќањето од службеиот пат, а Министертвото сеуште не се произнесло по дописот на ТВМ. Ние и понатака ќе го следиме овој проект на транспорт и врски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top